fibauzanas Компанијата ФИ-БАУ се занимава со градежништво ( изведба на објекти по принципот „Клуч на рака“ ) и со изведување на други градежни работи. ФИ-БАУ е единствен производител во Македонија на дистанцери кои се користат при изведба на бетонски елементи, ѕидови носачи и разни бетонски конзоли.


  Третата дејност на компанијата е трговија со градежни материјали,  санитарии, железарија, електроматеријали...
ФИ-БАУ е претставник на  италијанска компанија која на македонскиот пазар нуди елементи што се користат во градежништвото  (винкли, сврзувачи за оплата, кајли,...). ФИ-БАУ е основана  во 1995 година од браќата, Фејзо и Ибраим, од чии имиња произлезе и името на компанијата, заедно со германскиот збор bau, што значи градба. Фирмата е лоцирана во селото Палатица, оддалечена два километри од автопатот Тетово – Скопје, покрај реката Вардар, на површина од 5000 м2 .


  Станува збор за семејно претпријатие кое постепено ја зголемува пазарната активност, бројот на ангажираните работници, машинскиот и возниот парк, како и обемот на превземените и изградените објекти. Постојаното инсистирање на развојот придонесе и за перманентно зголемување на ефикасноста и квалитетот во работењето на компанијата. На македонскиот пазар ФИ-БАУ е единствен производители на неколку елементи од градежната опрема, таканаречените дистанцери, кои преку сопствена дилерска мрежа, ги продава и во Албанија, Бугарија и Косово.


  Денес ФИ-БАУ е реномирано и веќе познато на пазарот друштво за градежништво, кое има осум постојани вработени, Во 2010 година компанијата пушти во употреба нов погон, со капацитет од 15.000 парчиња дистенцери на ден.

www.fibau.com.mk info@fibau.com.mk  Контакт »